Во изминатиот период комисијата за решавање на статусот на професионални војници во состав:
- Г-дин Петар Есмеров – Државен секретар
- Правник од МО на АРМ
- полк. Климе Стојановски – Г-1 во ГШ на АРМ
- пполк. Спасое Дамјановски
- зас. Бобан Стојановиќ – Главен поф во АРМ
- Претставник од СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста)
одржаа две средби на кои се разговараше за предлогот што е доставен од страна на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) за решавање на статусот на професионални војници, а исто така е заклучено дека по завршување на изборите средбите ќе бидат почести за да се реши статусот на професионални војници, предлогот кој е доставен од страна на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) е следен:
Услови на прием:
- Максимална старосна возраст – 25 год.
Произведување и примање на подофицери:
- Произведувањето на подофицери да се врши исклучиво од редот на професионалните војници,
- Потребно е да исполни услов од најмалку пет години работен стаж во АРМ.
Склучување на договор:
- Должина 3 години во зависност од покажаните резултати и потребата на работното место, соодветната служба, договорот може да се продолжи повеќе пати до навршени 45 години возраст.
Престанок на служба:
- Паричен надомест за секоја година календарски стаж остварен на служба во АРМ во висина од последната примена месечна бруто плата, помножена со коефициент 2.
- Вработување кај друг работодавец.
- Стручно оспособување.
- Преквалификација – доквалификација.
- Дивестирање на дејности во рамките на МО и АРМ.
Паричниот надомест би се остварил доколку има поминато најмалку три години календарски стаж на служба во АРМ.