ПРОГРАМА на активности на СОБ за 2009 година

Програмата е поврзана со одредена динамика на планирани активности која може да биде зависна и од одредени новонастанати ситуации како и од расположивите финансиски средстава на располагање во СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Донесување на Закон за служба во АРМ
Донесување на Законот за служба во АРМ со активно учество на свои претставници во комисијата за донесување на Законот. Со претходни активности во правец на анимирање на ставовите на СОБ за проблемите на членовите во директни разговори со претставниците на МО за изнаоѓање на решенија кои ќе бидат прифатливи и вградени во новиот Закон за служба во АРМ со акцент на:
1.1. Донесување на прифатливо законско решение за ПФВ, за прием, унапредување во подофицерски чин и донесување на прецизни прифатливи решенија по истекување на договорот;
1.2. Изнаоѓање на законско решение за ЦЛ (за сите категори на ЦЛ) и вградување во Законот за служба, посебно инсистирање на можноста за пензионирање на ЦЛ со 25 години стаж;
1.3. Поставување на непоставените старешини и старешините со упатување и добивање на конечен став за решение за офицерите со Виша школа;
1.4. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
1.5. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК и подрачните единици на одделенијата за одбрана и МО.

2. Зголемување на стандардот на вработените
2.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на законско решение во Законот за служба;
2.2. Донесување на посебен коефициент за сите вработени во МО, а врзан со просечната плата;
2.3. Рехабилитација на повредените и ранетите од б/д или на работното место во бањи, одморалишта или скијачки центри;
2.4. Поедноставни интендантски решенија за воената униформа (можност за полесна замена и купување на униформа и опрема) формирање на воени продавници.
2.5. Следење на хигиенските и техничките услови и укинување на монополот на кантините со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана.
2.6. Инсистирање за донесување на нови стандарди за исхрана во КТБ и промена на застарените листи на јадења и донесување на нови рецептури која ќе содејствува со стандардите на НАТО и нашата традиција со услови за подобар квалитет и квантитет;
2.7. Бесцаринско или намалени царини за внесување на автомобили или средства машини) за мали бизиси или самовработување на лицата на кои им завршува договорот и лицата кои одат во предвремено пензионирање, вградено во закон.

3. Станбена проблематика
3.1. Овозможување на откуп на службените станови и доведување во рамноправна положба на сегашните корисници на службени станови со нивните колеги кои го имаат правото на откуп;
3.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во новиот Закон за служба;
3.3. Доставување на предлог од СОБ за трајно решение на станбеното прашање со изградба на нови станови со заеднички проект на заинтересираните вработени и МО (поволно кредитирање, изградба на државно земјиште) по примерот на некои армии.

4. Синдикални спортски игри
4.1. Одржување на Регионални спортски игри;
4.2. Одржување на финални спортски игри ( 11.-14.06 или 18.-21.06.2009 година);
4.3. Зголемување на бројот на учесници на игрите, поголема масовност (спојување на одредени активности за едукација и разговори со претставници на членовите на СОБ со адвокатот и претставници од МО) во склоп на синдикалните игри.

5. Информирање на членовите на СОБ
5.1. По региони:
– информирање со сите членови во Регионот (еднаш годишно);
– информирање на синдикалниот одбор од раководството на СОБ ( двапати годишно);
5.2. Со издавање на информатор, со сопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
5.3. Електронска пошта: отварање на веб страна и преку е-маил;
5.4. Прес конференци по потреба.

6. Туристички прошетки и шопинг
6.1. Организирани туристички посети во Македонија (Крушево, Смолари, Маврово);
6.2. Организирани туристички посети и шопинг (Србија, Банско, Софија Р.Бугарија).

7. Унапредување на синдикалното движење
7.1. Активно учество во ЕУРОМИЛ и информирање за активностите;
7.2. Активно учество и придонес во КСС;
7.3. Соработка со синдикатот на МВР.

8. Закон за учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ
8.1. Изработка и учество во донесување на закон за Учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ заедно со синдикатот на МВР.

9. Одбележување на свечености и празници
9.1. Осмомартовски подароци за членовите на понежниот пол;
9.2. Новогодишни пакетчиња;
9.3. Изработка а рекламен материјал за членовите на СОБ;
9.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.

Share
Bookmark the permalink.

Comments are closed.