На ден 25.12.2008 година имавме средба со Министерот за одбрана на која присуствуваа: Претседателот на СОБ, Ген/секретар, Извршниот одбор и Претседатели на Регионални основни организации.
Извршниот одбор ги изнесе проблемите околу нивната проблематика, а претставникот од извршниот одбор одговорен за професионални војници Ацо Спасовски му постави прашање на Министерот за одбрана какви размислувања има за проблемите околу статусот на пфв. Министерот одговори дека предложеното во законот за служба пензионирање 15 со 45 е неизводливо и нема да им се дава лажна надеж на пфв туку ќе се гледа да се изнајдат некои други решенија но исто така треба да знаеме дека тие кога ги потпишувале договорите знаеле до кога ќе бидат во АРМ. Во продолжение прашања поставуваа претседателите на РОО за проблемите по гарнизоните од кај што доаѓат. Средбата помина во многу добра атмосфера со ветување од страна на Министерот за одбрана дека вакви средби ќе има почесто.
Средба со Министерот за одбрана
Bookmark the permalink.