Средба на раководството на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста со г-дин Емил Димитриев

На ден 17.03.2009 година остварена е средба помеѓу раководството на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) со г-дин Емил Димитриев, заменик на министерот за одбрана, а во врска со офицерите со вишо школо кои ги има 65 (шеесет и пет) од кои на спроведената анкета 39 (триесет и девет) се имат изјаснето за дошколување, а 26 (дваесет и шест) за пензионирање со 25 (дваесет и пет) години работен стаж како што е прецизирано во Законот за служба.
Истиот ден раководството на СОБ со уште пет цивилни лица со државниот секретар г-дин Петар Есмеров оствари средба и ги изнесе проблемите на цивилните лица вработени во АРМ и исто така државниот секретар беше запознаен со барањата на цивилните лица околу нивниот статус, државниот секретар истакна дека на наредната средба која ќе биде наскоро ќе се разговара за поконкретни работи, а во врска со проблемот на цивилните лица и можноста за нивно пензионирање со 25 (дваесет и пет) години работен стаж.

Share

Комисија за решавање на статусот на професионални војници

Во изминатиот период комисијата за решавање на статусот на професионални војници во состав:

  • Г-дин Петар Есмеров – Државен секретар
  • Правник од МО на АРМ
  • полк. Климе Стојановски – Г-1 во ГШ на АРМ
  • пполк. Спасое Дамјановски
  • зас. Бобан Стојановиќ – Главен поф во АРМ
  • Претставник од СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста)

одржаа две средби на кои се разговараше за предлогот што е доставен од страна на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) за решавање на статусот на професионални војници, а исто така е заклучено дека по завршување на изборите средбите ќе бидат почести за да се реши статусот на професионални војници, предлогот кој е доставен од страна на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) е следен:
Услови на прием:

  •  Максимална старосна возраст – 25 год.

Произведување и примање на подофицери:

  • Произведувањето на подофицери да се врши исклучиво од редот на професионалните војници,
  • Потребно е да исполни услов од најмалку пет години работен стаж во АРМ.

Склучување на договор:

  • Должина 3 години во зависност од покажаните резултати и потребата на работното место, соодветната служба, договорот може да се продолжи повеќе пати до навршени 45 години возраст.

Престанок на служба:

  • Паричен надомест за секоја година календарски стаж остварен на служба во АРМ во висина од последната примена месечна бруто плата, помножена со коефициент 2.
  • Вработување кај друг работодавец.
  • Стручно оспособување.
  • Преквалификација – доквалификација.
  • Дивестирање на дејности во рамките на МО и АРМ.

Паричниот надомест би се остварил доколку има поминато најмалку три години календарски стаж на служба во АРМ.

Share

Средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски

На ден 25.02.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски во врска со презентацијата како е решен статусот на пфв во другите армии.
На презентацијата присуствуваа: министерот за одбрана, заменик министер за одбрана, Државен секретар, ЗНГШ на АРМ, Директор на ГШ на АРМ, Главен поф на АРМ, Нато советодавен тим, Буз Ален Хамилтон, Турски аташе, Германски аташе и други.
После извршената презентација министерот истакна дека од презентацијата видовме дека скоро кај сите армии старосната граница е измеѓу 35 и 40 години, а не како што некои на минатата средба велеа дека има и до 55 па и 60 години. Истакна дека кога го решивме ова да ви кажам дека во иднина т.е после изборите ќе се обидеме заеднички да изнајдеме решение со групата која е формирана и во која има претставник од СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста). Со ваша помош да се најде прифатливо и реално решение за статусот на професионалните војници, дали тоа ќе биде со дивестирање на дел од армијата во други институции, како што се гранична полиција и во други министерства, но за ова ќе треба да се разговара со другите министри на владина седница.
На прашање дали членот 259-а ќе се применува во целост т.е секој пфв ќе може да остане до 38 години, полковникот Климе Стојановски од Г-1/ГШ на АРМ одговори дека секој професионален војник може да остане до навршени 38 години старост.

Share

Изнаоѓање на решение за професионалните војници

На ден 09.02.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која присуствуваа по двајца војници од сите РОО и на таа средба министерот истакна дека сака да го реши проблемот со пфв но не е во можност поради предстојните избори и ако се договориме за некое решение не може да влезе во собраниска процедура поради изборите.
Уште истакна дека формирал работна група за изнаоѓање на решение за пфв околу нивниот статус, ставот пфв да се пензионират со 45 години е неизводливо и дека ќе се барат други решенија.
Министерот за одбрана истакна дека во нареден период ќе организира средба со странски аташеа за да се презентира како е решен статусот на професионалните војници во другите армии.

Share

ПРОГРАМА на активности на СОБ за 2009 година

Програмата е поврзана со одредена динамика на планирани активности која може да биде зависна и од одредени новонастанати ситуации како и од расположивите финансиски средстава на располагање во СОБ, но начелно ќе се движи со акцент и во правец на следниве активности:

1. Донесување на Закон за служба во АРМ
Донесување на Законот за служба во АРМ со активно учество на свои претставници во комисијата за донесување на Законот. Со претходни активности во правец на анимирање на ставовите на СОБ за проблемите на членовите во директни разговори со претставниците на МО за изнаоѓање на решенија кои ќе бидат прифатливи и вградени во новиот Закон за служба во АРМ со акцент на:
1.1. Донесување на прифатливо законско решение за ПФВ, за прием, унапредување во подофицерски чин и донесување на прецизни прифатливи решенија по истекување на договорот;
1.2. Изнаоѓање на законско решение за ЦЛ (за сите категори на ЦЛ) и вградување во Законот за служба, посебно инсистирање на можноста за пензионирање на ЦЛ со 25 години стаж;
1.3. Поставување на непоставените старешини и старешините со упатување и добивање на конечен став за решение за офицерите со Виша школа;
1.4. Изнаоѓање на решенија за државните службеници во МО, нивниот статус, унапредување и поставување;
1.5. Следење и изнаоѓање на соодветни решенија за вработените во ЦУК и подрачните единици на одделенијата за одбрана и МО.

2. Зголемување на стандардот на вработените
2.1. Зголемување на платата, изнаоѓање на законско решение во Законот за служба;
2.2. Донесување на посебен коефициент за сите вработени во МО, а врзан со просечната плата;
2.3. Рехабилитација на повредените и ранетите од б/д или на работното место во бањи, одморалишта или скијачки центри;
2.4. Поедноставни интендантски решенија за воената униформа (можност за полесна замена и купување на униформа и опрема) формирање на воени продавници.
2.5. Следење на хигиенските и техничките услови и укинување на монополот на кантините со цел добивање на квалитетна и евтина исхрана.
2.6. Инсистирање за донесување на нови стандарди за исхрана во КТБ и промена на застарените листи на јадења и донесување на нови рецептури која ќе содејствува со стандардите на НАТО и нашата традиција со услови за подобар квалитет и квантитет;
2.7. Бесцаринско или намалени царини за внесување на автомобили или средства машини) за мали бизиси или самовработување на лицата на кои им завршува договорот и лицата кои одат во предвремено пензионирање, вградено во закон.

3. Станбена проблематика
3.1. Овозможување на откуп на службените станови и доведување во рамноправна положба на сегашните корисници на службени станови со нивните колеги кои го имаат правото на откуп;
3.2. Отстранување на неправилностите при доделување на надомест за станарина и инсистирање на СОБ за законско регулирање на истото со вградување во новиот Закон за служба;
3.3. Доставување на предлог од СОБ за трајно решение на станбеното прашање со изградба на нови станови со заеднички проект на заинтересираните вработени и МО (поволно кредитирање, изградба на државно земјиште) по примерот на некои армии.

4. Синдикални спортски игри
4.1. Одржување на Регионални спортски игри;
4.2. Одржување на финални спортски игри ( 11.-14.06 или 18.-21.06.2009 година);
4.3. Зголемување на бројот на учесници на игрите, поголема масовност (спојување на одредени активности за едукација и разговори со претставници на членовите на СОБ со адвокатот и претставници од МО) во склоп на синдикалните игри.

5. Информирање на членовите на СОБ
5.1. По региони:
– информирање со сите членови во Регионот (еднаш годишно);
– информирање на синдикалниот одбор од раководството на СОБ ( двапати годишно);
5.2. Со издавање на информатор, со сопштенија и известувања (сите членови на СОБ);
5.3. Електронска пошта: отварање на веб страна и преку е-маил;
5.4. Прес конференци по потреба.

6. Туристички прошетки и шопинг
6.1. Организирани туристички посети во Македонија (Крушево, Смолари, Маврово);
6.2. Организирани туристички посети и шопинг (Србија, Банско, Софија Р.Бугарија).

7. Унапредување на синдикалното движење
7.1. Активно учество во ЕУРОМИЛ и информирање за активностите;
7.2. Активно учество и придонес во КСС;
7.3. Соработка со синдикатот на МВР.

8. Закон за учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ
8.1. Изработка и учество во донесување на закон за Учесниците во б/д на територијата на РМ и на просторите на бившата СФРЈ заедно со синдикатот на МВР.

9. Одбележување на свечености и празници
9.1. Осмомартовски подароци за членовите на понежниот пол;
9.2. Новогодишни пакетчиња;
9.3. Изработка а рекламен материјал за членовите на СОБ;
9.4. Доделување на плакети за соработка и унапредување на синдикалното движење.

Share

Средба со Министерот за одбрана

На ден 25.12.2008 година имавме средба со Министерот за одбрана на која присуствуваа: Претседателот на СОБ, Ген/секретар, Извршниот одбор и Претседатели на Регионални основни организации.
Извршниот одбор ги изнесе проблемите околу нивната проблематика, а претставникот од извршниот одбор одговорен за професионални војници Ацо Спасовски му постави прашање на Министерот за одбрана какви размислувања има за проблемите околу статусот на пфв. Министерот одговори дека предложеното во законот за служба пензионирање 15 со 45 е неизводливо и нема да им се дава лажна надеж на пфв туку ќе се гледа да се изнајдат некои други решенија но исто така треба да знаеме дека тие кога ги потпишувале договорите знаеле до кога ќе бидат во АРМ. Во продолжение прашања поставуваа претседателите на РОО за проблемите по гарнизоните од кај што доаѓат. Средбата помина во многу добра атмосфера со ветување од страна на Министерот за одбрана дека вакви средби ќе има почесто.

Share

Расправа околу нацрт Законот за служба

Од 07.04.2008 година почнавме расправа околу нацрт Законот за служба кој ни беше доставен од страна на ГШ на АРМ и кој во текот на истиот месец беше обработен и со одредени забелешки вратен во ГШ на АРМ.

Share