АРМ мој вистински дом

На ден 02.12.2009 година Раководството на СОБ присуствуваше на презентација во домот на АРМ во врска со проектот „АРМ мој вистински дом”. Презентацијата беше извршена од страна на преставници од министерството за одбрана.

Share

Презентација на концептот „Активна резерва“

На ден 04.11.2009 година Претседателот на СОБ изврши презентација на концептот „Активна резерва”, на која беа присутни претседателите на РОО и членовите на Извршниот одбор.

Share

Средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски

На ден 29.10.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која присуствуваа: НГШ на АРМ – генералот Мирослав Стојановски, Претседателот на СОБ, Генералниот секретар, член на Извршен одбор одговорен за професионални војници и поголема група на пфв од сите гарнизони. На состанокот од страна на министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски се изврши презентација на концептот на „Активна резерва“.

Share

Старосната граница за професионалните војници нема да се зголеми?

На ден 19.10.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски на која присуствуваа претседателот на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста), Генералнот секретар, член на извршен одбор одговорен за пфв и 5 (пет) пфв од разни гарнизони. На средбата присуствуваа и уште 9 (девет) пфв кои се преставија како кординативно тело.
Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски истакна дека сите ние што сме денеска тука, дојдени сме за да го решиме проблемот со професионалните војници. Координативното тело ги изнесе своите барања а тоа се:

  • Отпремнина или
  • Зголемување на старосната граница.

Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски изнесе што нуди министерството за одбрана и ако се договориме се тоа ќе влезе во Законот за одбрана и Законот за служба. Истотака г-дин Зоран Коњановски целосно го изложи проектот за „активна резерва”:

  • после 37 година дообука на пфв за разни специјалности,
  • после 38 година т.е после завршување на договорот до 48 година активна резерва,
  • за месечните примања ќе се договара накнадно,
  • додека пфв се во активна резерва ќе имаат право да работат, а кога ќе бидат повикувани на вежби работодавачите ќе имаат обврска да ги ослободуват и сето тоа ќе биде законски регулирано,
  • вежбовните активности ќе бидат регулирани со исплата на дневници.

Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски истакна и дека старосната граница нема да се зголеми, а што се однесува до отпремнината ќе се види во наредниот период што ќе се направи во врска со ова барање.

Share

Предлог за решавање на проблемот на професионалните војници

На ден 30.09.2009 година одржана е средба со министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски кој даде предлог за решавање на проблемот на пфв после 38 години. Предлогот е „Активна резерва” и истата како што истакна министерот ќе важи за сите пфв кои си заминале со 38 години и ако се биде како што е планирано ќе важи од 01.01.2010 година. Професионалните војници кои ќе бидат во активната резерва ќе можат да работат и истовремено да бидат во активната резерва каде што ќе добиват и надоместок за нивното ангажирање, а можно е да одат и во мисии ако ги исполнуват условите за одење во мисија.
Г-дин Зоран Коњановски го престави и новиот проект „АРМ мој вистински дом” каде што припадниците на Армијата кои немат станови ќе можат да си купат станови по повластени услови на 10 години. Каматата ќе ја плаќа министерството кое ќе обезбеди и локации за градење на становите.
Во продолжение на состанокот од страна на Ацо Спасовски беше истакнат проблемот за немање на кантина во гарнизонот Куманово на што министерот одговори дека за ова ќе даде одговор на наредната средба.

Share

Поддршка на Законот за учесници во мировни операции

На ден 21.05.2009 година од страна на раководството на СОБ (Синдикатот на Одбраната и Безбедноста) подржан е „Законот за учесници во мировни операции“.
Раководството на СОБ донесе заклучок дека „Законот за учесници во мировни операции“ е добар затоа што до сега немавме никаков Закон за учесници во мировни операции. Со овој Закон се прецизират работите околу одењето во мисија и околу правата на мировниците и нивните семејства, затоа СОБ го подржува овој Закон и исто така треба да се нагласи дека СОБ во донесувањето на овој Закон учествуваше со разни предлози и сугестии.

Share